• понеделник, 23 декември 2024

Пајат: Договорот за енергетика меѓу Србија и САД е исклучително важен чекор за продлабочување на соработката

Пајат: Договорот за енергетика меѓу Србија и САД е исклучително важен чекор за продлабочување на соработката

Белград, 19 септември 2024 (МИА) - Договорот меѓу САД и Србија за стратешка соработка во областа на енергетиката, кој вчера беше потпишан во Вашингтон, е првиот договор за стратешка соработка меѓу Србија и Америка. Американскиот помошник државен секретар за енергетика Џефри Пјат за за Гласот на Америка (ВОА) изјави дека тоа е „исклучително важен чекор за продлабочување на соработката меѓу двете влади, но и за поттикнување на соработката на приватниот сектор на двете земји“, јави дописникот на МИА од Белград.

-Станува збор за кровен договор, празно платно на кое може да се наслика по желба, рече Пајат.

Како што соопшти ВОА, српските и американските претставници објаснија дека станува збор за сеопфатен договор кој се однесува на различни видови извори на енергенси и е израз на политичката волја за продлабочување на соработката меѓу двете земји на ниво на влади и во приватниот сектор.

Документот вчера во Вашингтон го потпишаа министерот за надворешни работи на Србија, Марко Ѓуриќ и потсекретарот за енергетика, економски развој и животна средина на САД, Хозе Фернандез.

Во соопштението на Стејт департментот се наведува дека „договорот ќе им овозможи на американските компании повеќе да инвестираат во енергетскиот сектор во Србија и ќе им овозможи рамноправно да се натпреваруваат на пазарот, како и дека ќе го зајакне стратешкото партнерство на двете земји“.

Пајат, исто така, рече дека САД ја поддржуваат диверзификацијата во снабдувањето со енергенси и дека тоа е „клучот за безбедноста“.

-Мислам дека најважното нешто што се случи во однос на желбата на претседателот Александар Вучиќ да го диверзифицира снабдувањето со енергија е она за што зборував - инвестицијата на Србија како купувач во проектот за течен природен гас во Александрополис, најавата дека американска гасна компанија учествува со 25 отсто како партнер во тој проект и подготвеноста на американските извозници на гас да одиграат уште поважна улога во зајакнувањето на енергетската диверзификација низ Европа, рече тој, додавајќи дека договорот се фокусира и на „минералниот аспект“.

На прашањето дали договорот се однесува и на литиумот, Пајат, кој отворањето на рудникот Рио Тинто го оцени како генерациска можност за Србија, кажа дека „нема причина да не се продлабочува соработката и на полето на критичните минерали“.

Тој оцени дека „проектот за литиум може да биде значаен од аспект на нови инвестиции и поврзување на економиите од регионот“.

За ископувањето на литиум во Србија зборуваше и Александар Касаноф, новиот заменик помошник државен секретар на САД задолжен за Западен Балкан, кој оцени дека „проектот за литиум може да биде значаен од аспект на нови инвестиции и поврзување на економиите од регионот“.

Во соопштението на Стејт департментот се наведува дека „договорот ќе им овозможи на американските компании повеќе да инвестираат во енергетскиот сектор во Србија и ќе им овозможи рамноправно да се натпреваруваат на пазарот, како и да го зајакне стратешкото партнерство на двете земји“.

Надлежните додадоа и дека на договорот „се работело неколку години“. об/

 

 

Остани поврзан