• вторник, 24 декември 2024

„Пајакот“ на ЈП ПОЦ минатата седмица отстранил 110 возила, а блокатор е ставен на 116

„Пајакот“ на ЈП ПОЦ минатата седмица отстранил 110 возила, а блокатор е ставен на 116

Скопје, 15 јули 2024 (МИА) - ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со сообраќајната полиција-Скопје во текот на минатата недела санкционирале 226 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Во периодот од 08 до 14 јули 2024 година, соопштија од ЈП ПОЦ, со помош на специјалните возила „Пајак“ биле отстранети 110 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „блокатор“ санкционирани биле 116 возила кои
биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.

- ЈП ПОЦ и Општина Центар секојдневно водат грижа за да го доведат во ред сообраќајниот хаос настанат од непрописно паркираните возила на територијата на Општина Центар. Потсетуваме на почитување на сообраќајните правила од страна
на секој учесник во сообраќајот со цел одржување на ред и безбедност на улиците, се вели во соопштението од ЈП ПОЦ. цр/дма/

 

Фото: ЈП ПОЦ

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан