• сабота, 23 ноември 2024

Паѓаат цените на зеленчукот на Градскипт пазар во Штип

Паѓаат цените на зеленчукот на Градскипт пазар во Штип

Штип, 5 мај 2023 (МИА) - Домашното производство ги намали цените на заленчукот на Градските пазари. На штипскиот Градски пазар денеска земјоделците своите производи ги продаваат по пониска цена, во спореба од минатиот петок. Раководителот на Градскиот пазар-Штип, Димче Колев вели дека краставицата се продава од 30 до 50 денари, доматот е со различна цена во зависност дали е увозен или пак домашно производство, оние од увоз се по цена од 80 денари.

Како што вели Колев тие се со пониска цена, бидејќи станува збор за втора класа, додека домашното производство на домат е далеку поквалитетно и цената е од 120 до 140 денари. Забележува дека на пазарите се појави и благата пиперка, која може да се купи од 120 до 140 денари за килограм.

Прашан дали цените на зелечукот и наредниот период ќе бележат пад, Колев со одговор дека пазарот не може да се предвиди, варира, во зависност од понудата и побарувачката и дали македонскиот зеленчук ќе се извезува на некои од странските пазари. вдј/цр

Фото: МИА 

Остани поврзан