Пашињан утре ќе започне дводневна посета на САД
- Ерменскиот премиер Никол Пашињан утре ќе ја започне својата дводневна посета на САД, за време на која се очекува трилатерална средба со азербејџанскиот претседател Илхам Алиев, објавија ерменските медиуми.
Ереван, 6 август 2025 (МИА) - Ерменскиот премиер Никол Пашињан утре ќе ја започне својата дводневна посета на САД, за време на која се очекува трилатерална средба со азербејџанскиот претседател Илхам Алиев, објавија ерменските медиуми.
За време на посетата, Пашињан ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп во Вашингтон, а главна тема на разговорот ќе биде зајакнувањето на стратешкото партнерство меѓу Ерменија и САД.
Планирана е и трилатерална средба меѓу Никол Пашињан, Доналд Трамп и азербејџанскиот претседател Илхам Алиев. Целта на разговорот ќе биде промовирање на мирот, просперитетот и економската соработка во регионот. мс/