• четврток, 26 декември 2024

Пашињан ги повика демобилизираните војници да се вратат во армијата

Пашињан ги повика демобилизираните војници да се вратат во армијата
Ереван, 5 октомври 2020 (МИА) - Ерменскиот премиер Никол Пашињан денеска ги повика војниците кои беа демобилизирани оваа година да се вратат во армијата поради ескалацијата на ситуацијата во Нагорно Карабах. - Сакам да апелирам до нашите момчиња кои беа демобилизирани во текот на изминатата година да дојдат во центарот за регрутација и да се пријават, рече Пашињан во видео порака на Фејсбук. Тој ги повика демобилизираните да се пријават како волонтери, бидејќи законот не дозволува таа категорија да биде вклучена во резервата за мобилизација, пренесува РИА Новости. Пашињан истакна дека не ги повикал на „едноставна служба, туку на битка меѓу животот и смртта“, нагласувајќи дека е убеден во победа. паг/    

Остани поврзан