• четврток, 04 декември 2025

Пашалиќ го продолжи договорот со Аталанта

Пашалиќ го продолжи договорот со Аталанта

 

Бергамо, 30 јуни 2025 (МИА) – Хрватскиот фудбалски репрезентативец Марио Пашалиќ го продолжи договорот со италијанскиот прволигаш Аталанта до 2028 година, јавија вечерва хрватските медиуми.

Пашалиќ настапува за клубот од Бергамо од 2018 година, прво како позајмен играч за Челзи, а во 2020 година потпиша перманентен договор со Аталанта.

Минатата сезона, хрватскиот фудбалер одигра 47 натпревари за Аталанта во сите конкуренции, и постигна шест голови, а имаше и исто толку асистенции.

Пашалиќ досега одигра вкупно 298 натпревари во сите конкуренции за клубот од Бергамо, со ефект од 59 голови и 40 асистенции. ег

ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан