• среда, 25 декември 2024

Патрушев: САД ја потценија реалната состојба во Авганистан

Патрушев: САД ја потценија реалната состојба во Авганистан
Москва, 19 август 2021 (МИА) - Потценувањето на реалната состојба во Авганистан е резултат на прекумерна самодоверба и неспособност на трупите на САД и на НАТО, како и нивните разузнавачи, изјави секретарот на Рускиот совет за безбедност, Николај Патрушев. - Прекумерната самодоверба на американските воени и политички претставници и нивните сојузници за наводната целосна контрола врз ситуацијата во Авганистан доведе до незнаење и потценување на реалната ситуација, истакна Патрушев коментирајќи го брзото освојување на Авганистан од страна на талибанците. Според него делумно се виновни и разузнавачките служби на САД, на Велика Британија и другите членки на НАТО, кои „или не успеаја правилно да соберат податоци, или тоа го направија лошо“. - Такви лоши пресметки веќе се видени во светот, посебно на Блискиот Исток, вклучувајќи ги Сирија, Ирак и Либија, истакна Патрушев. ми/

Остани поврзан