• среда, 25 декември 2024

Патрушев: Русија „неутрализираше“ стотици странски разузнавачи

Патрушев: Русија „неутрализираше“ стотици странски разузнавачи

Москва, 15 септември 2023 (МИА) - Секретарот на Советот за безбедност на Руската Федерација, Николај Патрушев денеска објави дека Москва „неутрализирала“ стотици странски разузнавачи во последните години, објавија британските медиуми.

-Во последните години се идентификувани и неутрализирани стотици вработени во странски разузнавачки служби, како и други лица поврзани со организирање разузнавачки и субверзивни активности против нашата земја и нашите стратешки партнери, напиша Патрушев во статија објавена во списанието на руската надворешна разузнавачка агенција.

Патрушев е близок соработник на рускиот претседател Владимир Путин и е поранешен директор на Федералната служба за безбедност. Тој се смета за еден од клучните поддржувачи на тврдокорните политики во Кремљ. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан