• среда, 25 декември 2024

Патрушев: Политиката на САД и нивните сојузници го зголемува ризикот од употреба на нуклеарно оружје

Патрушев: Политиката на САД и нивните сојузници го зголемува ризикот од употреба на нуклеарно оружје

Москва, 8 ноември 2023 (МИА) - Секретарот на рускиот Совет за безбедност, Николај Патрушев, денеска изјави дека „деструктивната“ политика на САД и нивните сојузници го зголемува ризикот од употреба на нуклеарно, хемиско или биолошко оружје, пренесуваат британските медиуми.

-Природна последица на деструктивната политика на САД е влошувањето на глобалната безбедност, рече Патрушев, близок соработник на претседателот Владимир Путин. 

„Се зголемува ризикот од употреба на нуклеарно, хемиско и биолошко оружје“, кажа Патрушеб додавајќи дека „е поткопан меѓународниот режим за контрола на оружјето“. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан