• вторник, 24 декември 2024

Партијата Право и правда ја поддржаа кандидатурата на Дуда за претседател на Полска

Партијата Право и правда ја поддржаа кандидатурата на Дуда за претседател на Полска
Варшава, 16 февруари 2020 (МИА) - Полската владејачка партија Право и правда го поддржа претседателот Анджеј Дуда повторно да се кандидира за претседател на изборите кои ќе се одржат на 10 мај. На конвенција во Варшава на која почна кампањата за избор на Дуда за втор петгодишен мандат како претседател, лидерот на партијата Јарослав Качински рече дека Дуда е „кандидат од соништа“ и чувар на полскиот Устав. Дуда, како поранешен член на партијата Право и правда, ги поддржуваше популистичките политики на владејачката партија, вклучително и измените во правосудниот систем кои предизвикаа осуда од страна на ЕУ. јт/

Остани поврзан