• сабота, 23 ноември 2024

Партијата на Шолц победи на покраинските избори во Бранденбург

Партијата на Шолц победи на покраинските избори во Бранденбург

Берлин, 23 септември 2024 (МИА) – По низата разочарувачки избори, централно-левичарските социјалдемократи (СПД) на германскиот канцелар Олаф Шолц победија на вчерашното гласање во источната покраина Бранденбург, јави ДПА.

Во поголемиот дел од летото, анкетите покажуваа дека екстремно десничарската Алтернатива за Германија (АфД) води во Бранденбург. Сепак, партијата не успеа да ја престигне СПД на вчерашните избори.

Во услови на рекордно висока излезност, избирачите во Бранденбург и дадоа на СПД речиси 31 процент од гласовите, според прелиминарните резултати, што е зголемување од речиси пет процентни поени во однос на резултатите на СПД на последните државни избори во 2019 година.

Но, Шолц најверојатно само кусо ќе ужива во резултатите од вчерашното гласање, коментира ДПА и додава дека херој на вечерта на СПД бил популарниот долгогодишен актуелен државен премиер на Бранденбург, Дитмар Војке, кој експлицитно се огради од Шолц пред изборите и ја одби поддршката на канцеларот за време на кампањата.

Наместо тоа, Вајдке ги направи изборите референдум за неговата лична популарност, ветувајќи дека ќе се повлече ако неговата партија не победи.

Тоа е и покрај фактот што Шолц живее во главниот град на Бранденбург, Потсдам, кој се наоѓа веднаш надвор од Берлин.

Шолц денеска во Њујорк треба да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва. јт/

Фото: ДПА

Остани поврзан