• понеделник, 23 декември 2024

Партијата на екстремно десничарскиот политичар Герт Вилдерс води на парламентарните избори во Холандија

Партијата на екстремно десничарскиот политичар Герт Вилдерс води на парламентарните избори во Холандија

Амстердам, 22 ноември 2023 (МИА) - Партијата на слободата на екстремно десничарскиот политичар Герт Вилдерс, кој вети крај на имиграцијата во Холандија, води на холандските парламентарни избори, јавија локалните медиуми повикувајќи се на податоци од излезните анкети.

Според тие податоци, партијата на Вилдерс ќе има 35 пратенички места (од вкупно 150) во новиот состав на парламентот - девет места повеќе од коалицијата на социјалдемократите и зелените предводена од Франс Тимерманс.

Партијата на поранешниот премиер Марк Руте е на третата позиција и освои 23 пратенички места. зш/

Остани поврзан