• петок, 22 ноември 2024

Партијата за движење на Турците во предизборна коалиција со СДСМ

Партијата за движење на Турците во предизборна коалиција со СДСМ
Скопје, 9 март 2020 Денес во Скопје се одржа состанок на Централното Собрание на Партијата за движење на Турците. Се дискутираше за престојните Предвремени Парламентарни Избори кои ќе се одржат на 12 април 2020. Централното Собрание на ТХП едногласно донесе одлука за предизборна коалиција со Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, додека за кандидат за пратеник е избран Претседателот на партијата Енес Ибрахим, кој ќе биде номиниран на 6-то место во 5-та изборна единица. Посакуваме денешните одлуки да донесат успех на сите граѓани и нашата земја. Партија за Движење на Турците во Македонија (ТХП) __________________________________________________________________________  МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан