• петок, 05 декември 2025

Партизан со гостински триумф над Будуќност поведе во финалната серија во АБА лигата

Партизан со гостински триумф над Будуќност поведе во финалната серија во АБА лигата

 

Подгорица, 6 јуни 2025 (МИА) – Кошаркарите на Партизан поведоа со 1:0 во финалната серија до три победи во АБА лигата, откако синоќа триумфираа против Будуќност во Подгорица по продолжение со 94:88 (22:24, 13:19, 25:18, 23:22, 11:5).

Во драматичен натпревар, Будуќност имаше предност од 78:69 на две минути пред крајот на натпреварот, но Карлик Џонс со кош во последните секунди го однесе дуелот во продолжение во кое Партизан дојде до целосен пресврт и почетна предност во финалната серија.

Најефикасни во редовите на Партизан беа Стерлинг Браун со 30 и Тајрик Џонс со 24 поени, додека Будуќност го предводеа Кевин Фарел со 17 и Рашид Суламон со 15 поени.

Вториот натпревар е на програмата в сабота, а домаќин повторно е Будуќност. ег

ФОТО: ЕПА

Остани поврзан