• петок, 05 декември 2025

Партизан не сака да игра во ФИБА Лигата на шампиони

Партизан не сака да игра во ФИБА Лигата на шампиони


Белград, 13 мај 2025 (МИА) – Претседателот на кошаркарскиот клуб Партизан, Остоја Мијаиловиќ, изјави денеска дека клубот не размислува за учество во Лигата на шампионите на ФИБА, нагласувајќи оти стратешки е ориентиран кон Евролигата.
„Во моментов, Партизан не размислува за ФИБА Лигата на шампиони, со сето должно почитување. Партизан во моментов е стратешки фокусиран на Евролигата“, изјави Мијаиловиќ за Б92.
Мијаиловиќ претходно за српските медиуми рече дека Партизан е „еден од најсериозните кандидати за добивање долгорочна лиценца за настап во Евролигата“ и оти клубот е во преговори со ова меѓународно натпреварување околу цената на лиценцата.
Минатата недела берлинска Алба објави дека по шестгодишно учество во Евролигата го напушта натпреварувањето и од следната сезона ќе настапува во ФИБА Лигата на шампиони. ег
ФОТО: КК Партизан/Фејсбук

 

Остани поврзан