• среда, 27 ноември 2024

Парламентот на Сингапур изгласа Закон за спречување на странско мешање

Парламентот на Сингапур изгласа Закон за спречување на странско мешање
Сингапур, 5 октомври 2021 (МИА) - Парламентот на Сингапур усвои Закон за спречување на странско мешање и со тоа ја овласти Владата да го контролира интернетот. „За“ Законот за мерки за спречување странско мешање гласаа 75 пратеници. Законот предизвика загриженост кај пратениците од опозицијата, активистите за човекови права и новинарите поради можна злоупотреба на овластувањата за информации. Министерот за внатрешни работи К. Шанмуган пред парламентот рече дека на земјата и е потребен Закон за да се заштити од непријателски кампањи на странски земји преку интернет и преку локални ограноци во Сингапур. Новиот закон, донесен три недели откако беше предложен до Парламентот во кој доминира владејачката Партија на народната акција, ќе и овозможи на Владата да нареди на операторот на веб -страници и на социјални медиуми да даваат информации за корисниците и да блокираат содржина во обид да се спротивстави на непријателската комуникација од странски потекло. Генералниот секретар на главната опозициска Работничка партија во Сингапур, Притам Синг, повика на судски надзор, со цел да се обезбеди одговорност на властите. ми/

Остани поврзан