• петок, 22 ноември 2024

Парламентот на Литванија гласаше за повлекување на земјата од Конвенцијата за касетна муниција

Парламентот на Литванија гласаше за повлекување на земјата од Конвенцијата за касетна муниција

Вилнус, 18 јули 2024 (МИА) - Парламентот на Литванија денеска гласаше за поддршка на повлекувањето на земјата од Конвенцијата за касетна муниција, која забранува производство, складирање, употреба и пренос на тоа оружје.

„Конвенциите се важни кога сите земји ги почитуваат. Проблемот е што Русија, во својата агресија против Украина, не се придржува до нив“, рече литванскиот министер за одбрана Лауринас Касчинас во Парламентот пред гласањето. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан