• понеделник, 23 декември 2024

Папа Франциск: Технолошкиот развој го изолира поединецот и го става во лажна реалност

Папа Франциск: Технолошкиот развој го изолира поединецот и го става во лажна реалност

Сингапур, 12 септември 2024 (МИА) - Папата Франциск предупреди за негативните ефекти од вештачката интелигенција врз општествата за време на посетата на Сингапур.

За време на посетата на оваа земја со висока технологија, поглаварот на Католичката црква предупреди дека вештачката интелигенција не смее да ги натера луѓето да заборават на меѓучовечките односи.

-Технолошкиот развој ризикува да ги изолира поединците и да ги стави во лажна реалност. Вештачката интелигенција треба да се користи за да се зближат луѓето и да се промовира разбирањето и солидарноста во општеството, рече Папата.

Сингапур е последната станица од најдолгото патување во странство на 87-годишниот папа, кое траеше вкупно 12 дена.

Според Ватикан, од речиси шест милиони жители на оваа земја, само 176.000 се католици. сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан