• сабота, 23 ноември 2024

Папа Франциск: Лицемерно е да се биде шокиран од одобрувањето на истополовите парови

Папа Франциск: Лицемерно е да се биде шокиран од одобрувањето на истополовите парови

Ватикан, 7 февруари 2024 (МИА)  - Папата Франциск денеска изјави дека е „лицемерно да се биде шокиран“ од неодамнешната одлука на Католичката црква која одобри благослов за истополовите парови.

-Никој не е скандализиран ако дадам благослов на бизнисмен кој експлоатира луѓе, што е сериозен грев. Меѓутоа, тие се скандализирани ако дадам благослов на хомосексуалец. Тоа е лицемерие, рече папата во интервју за Католичкиот неделник „Кредере“ (Kredere), пренесе италијанска АНСА.

Според него, Католичката црква сака да биде „поблиска до луѓето на кои им служи“.

-Луѓето толку многу страдаат, а ние свештенството понекогаш живееме во удобност. Неопходно е да се видат работата и страдањето на луѓето, изјави поглаварот на Римокатоличката црква.

Ватикан кон крајот на минатата година објави дека римокатоличките свештеници можат да им даваат благослов на истополовите парови, доколку тоа не е дел од редовните црковни ритуали или литургии.

Во документот на ватиканската доктринална канцеларија се наведува дека таквите благослови нема да ги озаконат неправилните ситуации, туку би биле знак дека „Бог ги прифаќа сите“.

Ова, како што е наведено, никако не треба да се меша со светата тајна на хетеросексуалниот брак. сд/

фото: МИА архива

Остани поврзан