• среда, 25 декември 2024

Папата ќе учествува на Самитот на Г7, на кој ќе се разговара за вештачката интелигенција

Папата ќе учествува на Самитот на Г7, на кој ќе се разговара за вештачката интелигенција

Рим, 26 април 2024 (МИА) - Папата Франциск ќе учествува на овогодинешниот состанок на лидерите на Г7, на кој ќе се разговара за предизвиците на вештачката интелигенција, соопшти денеска италијанската премиерка Џорџа Мелони.

Средбата, на која ќе присуствуваат челниците на САД, Германија, Велика Британија, Франција, Италија, Канада и Јапонија, ќе се одржи во јужниот италијански регион Пуља од 13 до 15 јуни.

- Ова е првпат во историјата Светиот Отец да учествува во работата на Г-7, истакна Мелони во видео пораката. ссм,/

фото: архива

Остани поврзан