• вторник, 24 декември 2024

Папата Франциск формираше служба на свештеници лаици

Папата Франциск формираше служба на свештеници лаици
Ватикан, 11 мај 2021 (МИА) - Папата Франциск денеска и формално создаде нов поредок на свештениците лаици, чија цел е да поттикне поголемо учество на секуларните жени и мажи во воведувањето на луѓето во католичката вера, особено во местата каде што нема доволно свештеници. Воведувајќи свештеници-лаици во службата, Католичката црква официјално ја призна праксата што се користи со векови во локалните епархии. Во многу делови на светот, свештениците лаици ги запознаваат луѓето со католичката вера, ги поучуваат и ги придружуваат на нивниот пат. Ватиканската канцеларија за миси наскоро ќе објави посебен обред што ќе се користи низ целиот свет кога свештениците лаици официјално ќе започнат да проповедаат. На почетокот на оваа година, Папата издаде декрет со кој им се дозволува на жените како лаици да бидат ракоположени на должност и да го читаат Светото писмо, како и да им помагаат на свештениците во службата на олтарот. Папата Франциск цврсто се придржува до католичката доктрина дека жените не можат да бидат свештеници, но е под голем притисок да им дозволи да бидат ѓакони. паг/  

Остани поврзан