• сабота, 23 ноември 2024

Папата Франциск повика на побрзо запирање на војната во Украина

Папата Франциск повика на побрзо запирање на војната во Украина
Рим, 16 ноември 2022 (МИА) - Папата Франциск го осуди најновиот бран руски ракетни напади на Украина. Тој повика на што побрз прекин на огнот со цел да се избегне опасноста од натамошна ескалација на конфликтот. За време на говорот, Папата не се осврна на најновиот инцидент што се случи во Полска, во кој загинаа двајца полски државјани, пренесе Скај њуз. - Со болка и загриженост дознав за новиот и уште пожесток ракетен напад врз Украина, што предизвика смрт и штета на голем дел цивилна инфраструктура. Да се молиме Господ да ги преобрати срцата на оние кои сè уште се држат за војната и во намачената Украина да преовладее желбата за мир, со цел да се избегне ескалација и да се отвори пат кон примирје и дијалог, изјави папата Франциск. Тој ги повика верниците да се молат за мир во Украина, додавајќи дека тие во молитвата може да велат и „побрзај, Господе“, за војната да заврши што поскоро. бд/паг/

Остани поврзан