• сабота, 23 ноември 2024

Папата употребил навредлив термин за геј популацијата, Ватикан експресно се извини

Папата употребил навредлив термин за геј популацијата, Ватикан експресно се извини

Рим, 28 мај 2024 (МИА) - Папата Франциск се извини за употребата на навредливите зборови за време на разговорот со кардиналите за примање на геј мажи во семинариите, изјавувајќи дека „никогаш немал намера да навреди некого или да користи хомофобични термини“.

Извинувањето уследи по вчерашните извештаи во италијанските медиуми дека за време на минатонеделната затворена дискусија во Ватикан 87-годишниот папа кажал дека во семинариите веќе има премногу „фроциаџина“. Овој италијански збор во слободен превод значел „педер“.

Матео Бруни, директор на прес-службата на Ватикан, денеска изјави дека папата бил запознаен со вестите за разговорот зад затворени врати и „се извинува до оние кои биле навредени од употребата на терминот, за кој кажале други“.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан