• вторник, 10 март 2026

Папата Лав ја прифати оставката на бискуп од Сан Диего, обвинет за кражба

Папата Лав ја прифати оставката на бискуп од Сан Диего, обвинет за кражба

Ватикан, 10 март 2026 (МИА) – Папата Лав ја прифати оставката на бискупот Емануел Хана Шалета во Сан Диего, кој беше уапсен под сомнение дека украл 250.000 долари од својата црковна заедница, објави денеска Ватикан.

Бискупот Шалета ја водеше католичката заедница во Сан Диего, Калифорнија од 2017 година. Тој на вчерашното сослушување се изјасни дека не е виновен по 16 точки од обвинението за проневера и перење на пари.

Шалета кривичните дела ги извршил во 2024 година, а беше пријавен од вработен во црквата, кој алармираше за исчезнати средства. Поранешниот бискуп беше уапсен на 5 март на меѓународниот аеродром во Сан Диего додека се обидувал да замина од САД.

Адвокатот на бискупот на сослушувањето изјави дека Шалета планирал патување во Германија. ми/сд/

фото: ЕПА

Остани поврзан