Папата Лав Шеснаесетти го прими израелскиот претседател Исак Херцог во Ватикан
- Папата Лав XIV денеска во Ватикан го прими израелскиот претседател Исак Херцог.
Ватикан, 4 септември 2025 (МИА) – Папата Лав XIV денеска во Ватикан го прими израелскиот претседател Исак Херцог.
Херцог се сретна и со државниот секретар, кардиналот Пјетро Паролин, со кого разговараа за ситуацијата во Појасот Газа.
Други детали засега не се соопштени.
По аудиенцијата кај папата, израелскиот лидер, кој пристигна во Ватикан непосредно пред 9 часот опкружен со силно обезбедување, ќе ги посети Ватиканските библиотеки и архиви и попладне ќе се врати во Израел. јт/
Фото: ЕПА