• среда, 27 ноември 2024

Панел дискусија: Уште има потреба да се дискутира за транзиција на образованието според пазарот на трудот

Панел дискусија: Уште има потреба да се дискутира за транзиција на образованието според пазарот на трудот

Тетово, 16 април 2024 (МИА) - Панел дискусија на тема „Предизвиците и перспективите на пазарот на трудот во Северна Македонија – Транзиција од образование до вработување“, денес во Тетово организираа Универзитетот на Југоисточна Европа и Фондацијата Фридрих Еберт, канцеларија во Скопје.

Организаторите посочија дека сè уште постои потреба да се работи на транзицијата на образованието според потребните на пазарот на трудот во државата, а показател за тоа се многу работни места за кои нема соодветен кадар.

Предизвиците на пазарот на трудот се постојани и затоа е темата е важна постојано да се истражува, посочи Валон Садики, проектен менаџер во Фондацијата Фридрих Еберт.

-Ние како фондација ги следиме сите случувања и се ангажираме со давање партнерски придонес кон локалните институции во овој случај со Универзитетот, заеднички да пристапиме кон решавање. Прво дискутирање, актуализирање на темите и проблемите, предизвиците и потоа наоѓање на заеднички решенија. На наше задоволство најдовме многу добар партнер, за ова денес да ги дискутираме тие прашања во однос на пазарот на трудот и да се види јазот помеѓу понуда и побарувачка на работна сила во државата и да се седнат бизнис секторот, што тие бараат и образовниот сектор, што тие нудат за да јазот да се намали, истакна Валон Садики.

Според ректорот на УЈИЕ, Абдулменаф Беџети, таму се планира нов седми по ред факултет за технички науки, токму во насока да одговори оваа образовна установа на потребите на пазарот на трудот.

-Нашето искуство е дека фалат кадри од техничките науки, од природно-математички науки, фалат на некој начин тие што се повеќе барани на пазарот со вештините за да може да се научи. Универзитетот е пред подготовка. Вие потоа се усовршувате и на самиот пазар на трудот. Меѓутоа претходно треба да биде изграден профил којшто има таква можност и способности да се усогласи со пазар на труд, истакна Абдулменаф Беџети.

На панел дискусијата учествува студенти, претставници на повеќе установи како Фонд за иновации и технологија, организација на работодавци, Стопанската комора, Агенцијата за вработување. ас/ир

Фото: МИА 

Остани поврзан