• петок, 20 декември 2024

Панел-дискусија за 5Г-технологијата

Панел-дискусија за 5Г-технологијата
Скопје, 15 јуни 2021 (МИА) - Во рамките на проектот „Зголемување на граѓанското учество во Дигиталната агенда – ICEDA”, кофинансиран од Европската Унија, Фондација Метаморфозис денеска организира Дијалози за Дигитална агенда: Сè што сакавте да знаете за 5Г-технологијата. Дијалозите во форма на панел-дискусија се посветени на разбивање на митовите поврзани со 5Г-технологијата со цел да се унапреди знаењето и подигне јавната свест за придобивките од користењето на истата, како и да се намали технофобијата во Северна Македонија.  Учесници на настанот кои ќе говорат на темата се Бардил Јашари, извршен директор на Фондација за интернет и општество Метаморфозис, Борис Арсов, Раководител на Сектор за телекомуникации во Агенцијата за електронски комуникации , Васко Најков, Директор на Сектор за пристапни мрежи во, Македонски Телеком и Томислав Шуминоски, Доцент на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ).  

Проектот „Зголемување на граѓанското учество во Дигиталната агенда – ИЦЕДА“ е кофинансиран од Европската Унија и го спроведуваат Фондација Метаморфозис (Северна Македонија), Отворени податоци Косово (Косово), Академија за е-владеење (Естонија), Центар за истражување, транспарентност и отчетност – ЦРТА (Србија)НВО 35 ММ (Црна Гора) и Lëvizja MJAFT (Албанија).  сст/сп/

 

Остани поврзан