• петок, 04 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Панел-дискусија  „Гордиевиот јазол на штетните наративи во политиката и во медиумите“

Панел-дискусија  „Гордиевиот јазол на штетните наративи во политиката и во медиумите“

Скопје, 11 април 2025 (МИА) - Во организација на Институтот за комуникациски студии (ИКС) денеска во Скопје ќе се одржи панел-дискусијата  „Гордиевиот јазол на штетните наративи во политиката и во медиумите“.

На панел-дискусијата ИКС ќе го презентира водичот за комуникација за политичките актери и новинарите „Гордиевиот јазол на штетните наративи во политиката и во медиумите“.

Публикацијата, како што велат од ИКС, ги претставува и ги објаснува штетните наративи во македонскиот политички дискурс, последиците од нив, прекршувањето на комуникациските стандарди и нуди препораки за политичките актери и за новинарите.

Воведно обраќање на панел-дискусијата ќе има Весна Бендевска, потпретседателка на Собранието на Република Северна Македонија, а пратеници, уредници и новинари ќе дискутираат за важноста на етичката политичка комуникација и за улогата на медиумите во спречувањето на штетни наративи во политичкиот и во јавниот дискурс.

-Водичот е резултат на истражувањето „Мерење на политичките штетни наративи“ (ШТЕТ-НА) на ИКС, спроведено во соработка со истражувачи, новинари и медиумски професионалци, со поддршка од Британската амбасада во Скопје. Во период од девет месеци (септември 2023 − мај 2024), анализирани беа наративите на политичките актери преку објави на официјалните веб-страници и фејсбук-профили на парламентарните партии, нивните лидери и министри, како и текстови од онлајн медиуми и од централните вести на националните телевизии, истакнуваат од ИКС. дма/лв/

Фото: ИКС

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан