• понеделник, 23 декември 2024

Панатинаикос го отпушти тренерот Алонсо

Панатинаикос го отпушти тренерот Алонсо

 

Атина, 30 октомври 2024 (МИА) – Грчкиот фудбалски гигант Панатинаикос го отпушти денеска уругвајскиот стратег Диего Алонсо од тренерската должност.

Панатинаикос слабо ја стартуваше новата сезона, освојувајќи во првите девет кола од домашното првенство 13 бодови и се наоѓа на осмото место на табелата, додека во првите две кола од Конференциската лига освои само бод. Алонсо доби отказ откако беше назначен за тренер во јуни.

Уругвајскиот 49-годишен стратег во кариерата седеше на клупата на неколку клубови од Јужна и Северна Америка, а најмногу успеси имаше со мексиканскиот клуб Пачука, со кој ја освои Лигата на шампионите во КОНКАКАФ во сезоната 2016/17. Беше и селектор на Уругвај на Светското првенство во Катар во 2022 година.

Европската кариера почна да ја гради во 2023 година, а пред Панатинаикос краток период беше тренер на Севиља. ег

ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан