• четврток, 07 ноември 2024

Панасоник ги претстави новите ВР-очила

Панасоник ги претстави новите ВР-очила
Лас Вегас, 10 јануари 2020 (МИА) - Панасоник ВР се први очила за виртуелна реалност кои нудат поддршка за ХДР-камера. Овде, како додаток, се и техничките драјвери во слушалките. Компанијата на годинашниот Саем за електроника во Лас Вегас ги претстави своите нови ВР-очила, коишто на корисниците им нудат нешто што навистина изгледа како дел од иднината. За тоа се заслужни и микро ОЛЕД плочките со висока резолуција. Сепак, производот има и некои ограничувања. ОЛЕД плочките ја ограничуваат сликата и аглите  на гледање, па според многумина, тоа е маана што мора да се исправи, доколку Панасоник се стреми кон попрактична примена, за што повеќе да му ја приближи технологијата на виртуелната реалност на обичниот корисник. си/ми/

Остани поврзан