• понеделник, 23 декември 2024

Панамскиот канал пропушта повеќе нерегистрирани бродови во обид да го намали метежот

Панамскиот канал пропушта повеќе нерегистрирани бродови во обид да го намали метежот

Панама Сити, 11 август 2023 (МИА) - Управата на Панамскиот канал погоден од суша соопшти дека привремено го ограничила бројот на нови резервирани премини за да се намали метежот предизвикан од бродовите кои чекаат да поминат без резервации.

Големиот број комерцијални бродови кои чекаат да поминат низ еден од најпрометните трговски премини во светот, поттикна многумина кои вообичаено го користат тој воден пат за да тргнат по алтернативни рути.

Како што се наведува, секое доцнење или препрека може да ги доведе компаниите во проблем, па Панамскиот канал ги намалува трошоците и времето на транзит за многу корисници, вклучително и големите трговци на мало и енергетските компании вклучени во трговијата меѓу Кина и САД. рп/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан