Палмер размислува за трансфер од Челзи во Манчестер јунајтед
- Фудбалерот на Челзи, Кол Палмер е сè повеќе разочаран од статусот во тимот од Лондон и е подготвен за трансфер во Манчестер јунајтед.
Лондон, 30 март 2026 (МИА) – Фудбалерот на Челзи, Кол Палмер е сè повеќе разочаран од статусот во тимот од Лондон и е подготвен за трансфер во Манчестер јунајтед.
Според „The Sun“, 23-годишниот Англичанец, производ на академијата на Манчестер сити, е незадоволен од промените во тактиката на „сините“ и се шпекулира дека ќе му недостига играње покрај Николас Џексон, кој моментално е на позајмица во Баерн Минхен.
Елиминацијата на Челзи од нокаут фазата во Лигата на шампионите би можела дополнително да ги намали шансите на тимот да го задржи играчот од средниот ред, кој е исто така баран од Реал Мадрид и Баерн Минхен, и покрај тоа што Палмер се мачи со повреди на препоните и прстите на стапалото оваа сезона.
Палмер е во Челзи од 1 септември 2023 година. Неговиот договор е до 30 јуни 2033 година. Во сезоната 2025/26, тој постигна 10 гола и имаше три асистенции во 25 натпревари.
„Трансфермаркт“ ја проценува неговата фудбалска вредност на 110 милиони евра. зс/
Фото: ЕПА