• петок, 05 декември 2025

Палмер заминува од Англија

Палмер заминува од Англија

Лондон, 6.октомври 2025 (МИА) – Фудбалерот на Челзи Кол Палмер поради повреда е надвор од теренот. Но, играчот оваа сезона одигра само четири натпревари, а повредите се најголемата причина за отсуството.

По двете солидни сезони откако од Манчестер Сити дојде во Челзи за околу 50 милиони евра, во дресот на Челзи на 101 натпревар постигна 45 голови со 29 асистенции. Оваа сезона е далеку од посакуваната форма, а во британските медиуми се појавија и најави за негово заминување од Лондон и тоа во еден од најдобрите светски клубови.

Палмер би можел да направи трансфер во Реал Мадрид, но проблем може да биде и неговиот договор од уште осум години. Според најавите висината на трансферот би можело да биде околу 130 милиони евра. Сепак за да може нешто такво да се случи фудбалерот ќе мора прво да се заздрави од честите повреди, а потоа и да ја врати формата. мн/

Фото: ЕПА

Остани поврзан