• среда, 26 март 2025

Палестински оскаровец претепан од израелски доселеници на Западниот Брег

Палестински оскаровец претепан од израелски доселеници на Западниот Брег

Ерусалим, 25 март 2025 (МИА) - Израелци - доселеници на Западен Брег денеска го претепале Хамдан Балал, палестинскиот корежисер на документарниот филм „Нема друга земја“ што годинава беше награден со „Оскар“.

Според активистичката група Центар за ненасилство на Евреите (Center for Jewish Nonviolence), десетици доселеници го нападнале палестинското село Сусија во областа Масафер Јата, уништувајќи и имот. Тие го нападнале Балал - еден од четворицата режисери на документарецот филм, и го тепале додека не му пуштиле крв од главата, велат активистите.

Потоа, додека добивал медицинска помош во соба за итни случаи, израелски војници го уапсиле со уште еден Палестинец, се додава во соопштението. Не е познато каде Балал е однесен.

„Нема друга земја“ годинава доби „Оскар“ за најдобар документарец. Филмот ги прикажува напорите на населението во областа Масафер Јата да ја спречи израелската армија да ги уништи нивните села. Има четворица режисери. Балал и Базел Адра се Палестинци и жители на областа, а другите двајца се Израелци - Јувал Абрахам и Рејчел Зор.  си/сд/

Фото: ЕПА

Остани поврзан