• понеделник, 16 декември 2024

Палестинските власти го осудија планот на Нетанјаху за Газа

Палестинските власти го осудија планот на Нетанјаху за Газа

Рамала, 23 февруари 2024 (МИА) – Палестинските власти остро го критикуваа планот „ден потоа“ за Газа, претставен од израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, нарекувајќи го „осуден на неуспех“.

- Ако светот сака безбедност и стабилност во регионот, мора да стави крај на израелската окупација на палестинските територии и да ја признае независната палестинска држава со Ерусалим како главен град“, изјави Набил Абу Рудеине, портпарол на палестинскиот претседател Махмуд Абас.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху им претстави план за Појасот Газа на членовите на воениот кабинет, чија цел е да ја замени палестинската милитантна група Хамас со „локални функционери“ кои не се поврзани со тероризмот за да управуваат со служби во енклавата, соопшти канцеларијата на Нетанјаху.

Во документот кој Нетанјаху го презентирал на вчерашниот состанок, не се споменува конкретно Палестинската управа, ниту пак се исклучува нејзиното учество во повоеното управување со Појасот Газа.

Наместо тоа, се вели дека цивилните работи во Газа ќе ги водат „локални службеници“ кои имаат „административно искуство“ и кои не се поврзани со, како што се вели, „земји или ентитети кои го поддржуваат тероризмот“. јт/

Остани поврзан