• понеделник, 16 декември 2024

Палестинските власти велат дека гласањето во ОН покажува дека „Палестина заслужува полноправно членство“

Палестинските власти велат дека гласањето во ОН покажува дека „Палестина заслужува полноправно членство“

Рафа, 10 мај 2024 (МИА)  - Палестинското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека гласањето на Генералното собрание на ОН за давање дополнителни права на Палестинците во светската организација покажало дека тие заслужуваат „полноправно членство“.

Гласањето „потврдува дека Палестина ги исполнува сите барања пропишани во Повелбата на Обединетите нации... Така таа заслужува, и е квалификувана да добие полноправно членство во Обединетите нации“, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи на Палестинската управа. зш/

Остани поврзан