• вторник, 26 ноември 2024

Пакистан го продолжи престојот за 1,45 милиони авганистански бегалци до 30 јуни 2025

Пакистан го продолжи престојот за 1,45 милиони авганистански бегалци до 30 јуни 2025

Исламабад, 10 јули 2024 (МИА) – Пакистан денеска соопшти дека го продолжил престојот на 1,45 милиони авганистански бегалци кои легално престојуваат во земјата до 30 јуни 2025 година.

Соопштението дојде еден ден по посетата на високиот комесар на ОН за бегалци Филип Гранди на Пакистан.

- Авганистанските бегалци со соодветна документација ќе можат да престојуваат во Пакистан до 30 јуни 2025 година, се вели во соопштението од кабинетот на пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан