• петок, 05 декември 2025

Пакистан: Во експлозија на автомобил-бомба во Балуџистан загинаа четири лица

Пакистан: Во експлозија на автомобил-бомба во Балуџистан загинаа четири лица

Исламабад, 19 мај 2025 (МИА) – Најмалку четири лица загинаа, а 20 се ранети во експлозија на автомобил-бомба што денеска се случи во близина на пазар во пакистанскиот град Кила Абдула во провинцијата Балуџистан која се граничи со Авганистан, изјави заменик-комесарот на локалната полиција Абдула Ријаз.

Тој наведе и дека во експлозијата во градот на југозападниот дел на Пакистан е оштетен надворешниот ѕид на блиската зграда.

Ниту една група засега не ја презеде одговорноста за нападот, но се сомнева на етничките сепаратисти од Балуџистан, кои често напаѓаат безбедносни сили и цивили во Балуџистан и други делови на Пакистан. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан