• сабота, 23 ноември 2024

Пакистанскиот Виш суд ја одби жалбата на затворската казна на поранешниот премиер Имран Кан

Пакистанскиот Виш суд ја одби жалбата на затворската казна на поранешниот премиер Имран Кан

Исламабад, 9 август 2023 (МИА) – Пакистанскиот Виш суд денеска ја одби жалбата на поранешниот премиер Имран Кан за суспендирање на казната што му беше изречена под обвинение за корупција и за која е во затвор, соопшти неговиот адвокат, додавајќи дека е малку веројатно дека наскоро тој ќе биде пуштен со кауција. 

-Нашето барање за суспендирање на пресудата не беше прифатено. Случајот е одложен на неодредено време, изјави адвокатот Наим Пењџута, пренесуваат британските меидуми.

На Кан му е забрането да извршува каква било јавна функција во следните пет години, откако во саботата беше осуден на три години затвор под обвинение за незаконска продажба на државни подароци што тој и неговото семејство ги добиле за време на неговиот мандат 2018-2022 година. 

Судот побара од надлежните правосудни власти позитивно да одговорат на молбата на Кан да биде преместен во ќелија од А класа во затворот Равалпинди, која има подобри услови на кои тој има право како поранешен премиер, додаде неговиот адвокат Наим Пенџута. 

Кан беше сменет од премиерската функција минатата година, откако парламентот му изгласа недоверба, што, според агенцијата, предизвика загриженост за стабилноста на Пакистан во екот на неговата борба со економската криза. сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан