Пакети со овошје донација за велешката болница
- Пакети од свежо овошје се донирани вчера за велешката Општа болница од страна на Македонската православна црква со хуманитарната организација Св.Спас и во соработка со Жито Маркети.

Велес 10 јануари 2021 (МИА) - Пакети од свежо овошје се донирани вчера за велешката Општа болница од страна на Македонската православна црква со хуманитарната организација Св.Спас и во соработка со Жито Маркети.
Портпаролот на ЈЗУ Општа болница д-р Елеонора Јованова за МИА истакна дека овие пакети се поделени на пациентите сместени на Инфективното и Детското одделение, но и на медицицинскиот и помиошниот персонал.
- Овие пакети се поделени на пациентите кои се сместени на Инфективно и Детско одделение, а дел од нив и на медицинскиот и помошниот персонал од велешката болница кои секојдневно се борат со коронавирусот и даваат максимална жртва за сите нас. Ние на донаторите им благодариме на хуманиот гест, посочи д-р Јованова.ад/фф/