• четврток, 07 ноември 2024

Пад од три позиции за македонската репрезентација на ФИФА ранг-листата

Пад од три позиции за македонската репрезентација на ФИФА ранг-листата

Цирих, 15 февруари 2024 (МИА) – Македонската фудбалска репрезентација се најде на 68. место на најновата ранг-листа на Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) објавена денес, прва во 2024 година.

„Црвено-жолтите“ имаат ист број бодови (1362,17) како и на претходното рангирање (декември 2024) кога беа 65-ти, но тие се престигнати од неколку репрезентации кои имаа успешни настапи на Африканскиот куп на нации 2024.

Од противниците на македонските фудбалери во Лигата на нации, Ерменија се наоѓа на 94. место, Фарски Острови се на 135. позиција, додека Летонија е 136-та. 

Во Топ 10 нема промени. Води Аргентина пред Франција, Англија, Белгија, Бразил, Холандија, Португалија, Шпанија, Италија и Хрватска. зс/

Фото: МИА

Остани поврзан