• петок, 26 јули 2024

Пад на Ѓорческа и Ивановски на ранг-листите

Пад на Ѓорческа и Ивановски на ранг-листите

Лондон, 4 декември 2023 (МИА) - Македонската тенисерка Лина Ѓорческа има пад на ВТА ранг листата во поединечна конкуренција. Таа се наоѓа на 212. место со 357 поени, или 15 места послаб ранг од претходната недела. Ѓорческа има и пад од пет позиции во конкуренција на двојки каде со 226 поени се наоѓа на 365. место.

Втората македонска тенисерка со ранг на ВТА листата е Магдалена Стоилковска. Таа се наоѓа на 1 263-то место со 7 поени, или скок од две места. Стоилковска оваа недела ја очекува нов настап на фјучрс турнир во Парм Ел Шеик за награден фонд од 15.000 долари.

Назадување на АТП ранг-листата има и најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски. Тој неделава ја почнува на 309. позиција со 173 поени, четири места послабо од минатата.

Горазд Србљак нема никаква промена – 1 047. место со 10 поени (исто како претходната недела). Обрад Марковски сега е на 1 458. место со скок од пет места со три поени.

Во конкуренција на двојки Ивановски има пад за 21 позиција и се наоѓа на 669. место со 71 поен или четири помалку, додека Берк Бугариќ е рангиран 1 348. место со 16 поени (пад за седум позиции). Марковски во двојки има пад за 142.места и сега се наоѓа на 1 608.то место со 9 поени, додека Елдин Хусеиновиќ е на 2 102. место (скок за две позиции) со 3 поени. зс/

Остани поврзан