• вторник, 24 декември 2024

Павловиќ во Баерн до 2029

Павловиќ во Баерн до 2029

 

Минхен, 16 јуни 2024 (МИА) – Бундеслигашот Баерн Минхен објави денеска продолжување на договорот со фудбалерот од средниот ред Александар Павловиќ до лето 2029 година.

Минатата сезона, играчот од средниот ред забележа 22 настапи за Баерн, постигнувајќи два гола, а додаде и две асистенции.

Дваесетгодишниот Павловиќ се најде на поширокиот список на Германија за ЕВРО2024, но во последен момент отпадна од списокот поради воспаление на крајниците.

„Баерн е клубот на моето срце. Затоа сум горд, среќен и благодарен, сакам да освојувам титули со тимот и да се развивам. За жал, мојот сон да играм на ЕВРО2024 беше уништен поради мојот тонзилит, што ме прави тажен, но сега, исто така, сум и многу среќен поради продолжувањето на договорот со Баерн до 2029 година“, изјави Павловиќ за клупската веб-страница. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан