• среда, 25 декември 2024

ОЈО поднесе обвинение за недозволено поседување автоматска пушка

ОЈО поднесе обвинение за недозволено поседување автоматска пушка
Скопје, 9 декември 2020 (МИА) - Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против 23-годишен жител на село Буковиќ за недозволено поседување автоматска пушка. - Во близина на кафе-бар во негова сопственост, на влезот од селото Буковиќ, обвинетиот 23-годишник држел автоматска пушка со калибар 7,62Х39 мм од бугарско производство, која претставува верзија на руската автоматска пушка АК-47 Калашников. Ова оружје им е забрането на граѓаните и за него не може да се добие дозвола за поседување. Заедно со автоматската пушка биле пронајдени и две рамки без куршуми, се вели во соопштението од ОЈО. Надлежниот јавен обвинител, ценејќи дека во конкретниот случај постои опасност од бегство и можност обвинетиот да го повтори делото, до Основниот кривичен суд Скопје достави и посебен предлог за продолжување на претходно определената мерка куќен притвор. ​ Лицето се терети за кривично дело – Неовластено производство, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 2 во врска со став 1 од Киривичниот законик. аа/дма/  

Остани поврзан