• сабота, 23 ноември 2024

ОЈО Гостивар поднесе обвинение за тешка телесна повреда при семејно насилство

ОЈО Гостивар поднесе обвинение за тешка телесна повреда при семејно насилство
Скопје, 25 октомври 2021 (МИА) - Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе обвинителен предлог против 28-годишен жител на Форино, кој се товари дека при вршење семејно насилство сторил кривично дело „тешка телесна повреда“ од член 131 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. - На 28 септември, во селото Добридол, при вршење семејно насилство, обвинетиот тешко телесно ја повредил поранешната вереница. Тој ја пречекал оштетената која се упатила кон својот дом, ја фатил за десната рака и запонал да ја влече за да ја внесе во неговиот автомобил. Жената паднала, по што обвинетиот започнал да ја удира со тупаници по лицето и по телото, нанесувајќи и тешки телесни повреди – нагмечувања, скршеници и потрес на мозок​, се вели во соопштението на ОЈО. аа/сп/

Остани поврзан