• сабота, 21 декември 2024

ОЈО во Скопје, Куманово, Гевгелија и Крива Паланка лани работеле со дефицит на обвинители и други админстративни кадри 

ОЈО во Скопје, Куманово, Гевгелија и Крива Паланка лани работеле со дефицит на обвинители и други админстративни кадри 

Скопје, 29 ноември 2024 (МИА) – Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија го разгледа Годишниот извештај на Вишото јавно обвинителство (ВЈО) Скопје и основните јавни обвинителства од подрачјето на ВЈО Скопје за 2023 година.

Во извештајот, меѓу другото, беше истакнато дека во извештајната година ОЈО Скопје, ОЈО Куманово, ОЈО Гевгелија и ОЈО Крива Паланка работеле со дефицит на обвинители и други админстративни кадри неопходни за ефикасност на работата.

При презентација на извештајот, обвинителот Јован Цветановски, посочи дека има зголемен број на поднесени обвиненија кои се работат за скратени постапки. Зголемен е бројот и на поднесени жалби на пресуди на основни судови каде доминираат жалби за кривични санкции, над 80 проценти. Најмногу жалби по поднесени обвинителства, како што дополни, има во скопското обвинителство. 

Неговиот генерален заклучок беше дека обвинителствата ја задоволуваат работата, но работаат со намален капацитет.

Од Советот нагласија дека станува збор за стар извештај за кој во меѓувреме се промениле работите.

Советот денеска донесе одлука и за објавување на огласи за избор на нови јавни обвинители во Основното јавно обвинителство Прилеп, Вишото јавно обвинителство Скопје и Основното јавно обвинителство Крива Паланка. 

Во однос на Нацрт записникот од триесет и првата седница на Владата на Република Северна Македонија, поврзан со Реформската агенда 2024-2027, посочија дека ќе чекаат на подетални информации.ар/лв/
Фото: МИА 

 

Остани поврзан