• сабота, 23 ноември 2024

ОЈО Велес отвори истрага против 20-годишник што шетал со пушка на улица

ОЈО Велес отвори истрага против 20-годишник што шетал со пушка на улица
Скопје, 11 април 2022 (МИА) - Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 20-годишник од Велес за кого постои основано сомневање дека сторил кривично дело – „Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки матери“ од член 396 став 1 од Кривичниот законик. На 18 февруари, осомничениот неовластено држел огнено оружје – пушка марка „Баикал“ од руско производство, со калибар 12 милиметри, со две цевки со внатрешни ударни механизми и автоматска кочница. Како што информираат од ЈОРСМ, движејќи се по улица во Велес, оваа пушка лицето ја носело со себе, кога го запреле полициски службеници. Поради околности кои упатуваат дека осомничениот може да се даде во бегство или да го повтори кривичното дело, до судијата на претходна постапка е доставен предлог за определување мерка притвор против осомничениот. Судијата го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.​​ аа/са/

Остани поврзан