• понеделник, 23 декември 2024

ОЈО Битола го заврши увидот во сообраќајката каде загина млад битолчанец

ОЈО Битола го заврши увидот во сообраќајката каде загина млад битолчанец

Битола, 24 јули 2023 (МИА) - Основното јавно обвинителство-Битола информира дека дежурен јавен обвинител извршил увид на местото каде утрово се случи тешка сообраќајна несреќа со смртни последици.

Според првичните наоди при увидот, до несреќата на патот Прилеп-Ресен дошло при директен судар на автомобил Опел корса со битолски регистарски ознаки и товарно возило со штипски регистарски ознаки.

- Во сударот животот го загубил 24-годишниот возач на патничкиот автомобил. Се постапува за испитување на причините за несреќата, при што по наредба на јавниот обвинител ќе биде извршено сообраќајно вештачење. Издадена е наредба за обдукција на телото на починатиот, соопштија од ОЈО-Битола. мт/ир

 

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан