Тошковски: Приведени 10 лица за запленетата марихуана во Србија, двајца се веќе во притвор
- Овие 10 лица се директно или индиректно поврзани со произведената дрога, рече министерот за внатрешни работи Тошковски за ТВ „21“
Скопје, 19 февруари 2026, (МИА) - Во текот на денешниот ден поднесени се кривични пријави до ОЈО за гонење организиран криминал и корупција, која опфаќа 10 лица, од кои двајца се веќе во притвор, а овие 10 лица се директно или индиректно поврзани со произведената дрога - рече министерот за внатрешни работи Тошковски за ТВ „21“.
Попладнево, лицата се изведени пред судија на претходна постапка и за некои од нив е определена мерка притвор. Осомничени се дека учествувале во транспортот на марихуаната од нашата земја за Србија.
- Имаме основани сомненија дека тие лица се поврзани со транспортот на дрогата, која беше запленета во Србија - рече министерот Тошковски.