• петок, 05 декември 2025

Охрид со висока победа над Алкалоид го мина на табелата

Охрид со висока победа над Алкалоид го мина на табелата

Охрид, 12.ноември 2025 (МИА) – Во првиот натпревар од 12.коло од ракометната Супер лига вечерва во Охрид истоимената домашна екипа го совлада Алкалоид со 28:24.

Во првиот дел по 6:6 во 14.минута ракометарите на Охрид предводени од словенечкиот интернациналец Тилен Стрмљан стигна до висока предност од шест разлика која беше и на полувремето 17:11. Во второто полувреме избраниците на Кирил Лазаров намалија на 20:22, кон средина на полувремето. Но, домашниот тим во завршните повторно ја консолидираше играта и дојде до ново највисоко водство од 28:21.

Најефикасен на дуелот беше Стрмљан со 11 голови.

Со денешната победа Охрид со 19 бодови го мина Алкалоид на табелата и се искачи на третата позиција, додека тимот на Лазаров е на четвртото место со 18. Лидер е Вардар со 22 бода, пред Еурофарм Пелистер со 19. мн/

Фото: Фејсбук ГРК Охрид

Остани поврзан